Од денеска во домашните кина филмот „Млади мајки“ на белгиските браќа Дарден
Од денеска во домашните кина ќе се прикажува филмот „Млади мајки“ (Jeunes mères, 2025) на белгиските браќа Дарден. -Сместен во дом за млади мајки во Белгија, филмот следи пет тинејџерки кои се соочуваат со предизвиците на раното мајчинство. Во период кога самите сè уште растат, тие се обидуваат да обезбедат стабилност и подобра иднина за своите бебиња



