Капачките од Пошта-бања
Господ знае како, есенва, во една тивка квечерина, се најдов во Ново маало. Постојат моменти кога човек поаѓа на едно место, а потоа, воден од некакво необјасниво чувство, ќе се најде на сосем друго. Тоа чувство што се остварува во ненадејните маршрути, иако доаѓа во миговите на опуштеност и заборавност, всушност е задлабоченост во себе, исполнетост

