Клековски: Извршени се 16 операции на повредените во Кочани, заедно со хирурзите од Израел
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ги претстави резултатите од посетата на хирурзите од медицинскиот центар „Шеба“ од Тел Авив. Заедно со македонските тимови, тие извршија 24 специјалистички прегледи и 16 операции на повредените во трагедијата во Кочани. Фокусот на израелскиот тим беше на шаките и рацете, за да им се врати функцијата






