Италија се пласира во полуфиналето на Дејвис купот
Италија ја победи Австрија во четвртфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки. Матео Беретини го победи Јури Родионов (6:3, 7:6 (7:4)), а Флавио Коболи го победи Филип Мишолиќ (6:1, 6:3). Во полуфиналето, Италијанците ќе се соочат со Белгија. Италија е актуелен шампион на Дејвис купот.

