Без вода утрово дел од општина Центар
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Центар. Од таму информираат дека поради уличен дефект од ф 80мм на улицата Тодор Александров (Водно-кај полициска станица), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Тодор Александров и полициска станица Водно.










