НАЈЧИТАНИ ВО 2025: Тешко заминаа во Бразил, уште потешко се вратија. Авантурите на тимот кој освои две бронзи за Македонија на најтешката олимпијада по хемија
Што правите кога сте 10 илјади километри далеку од дома, одговорен за шест млади луѓе, некои од нив малолетни, со освоени два медала за својата татковина, вашите колеги, среќни, влегуваат во авион што ќе ги однесе дома, а вам ви велат – не можете да влезете… Ова е авантурата на македонскиот тим што ја претставуваше Македонија на 59. Менделеева олимпијада

