Поенот на денот на Вимблдон е на 18 годишната Мира
Со триумфот над Ема Наваро, Мира Андреева стана најмладата тенисерка која стигнала до четврт-финале на Вимблдон, уште од времето на Марија Шарапова во 2005 година. Славеше 2:0 (6:2, 6:3), а во еден момент ја крена на нозе цела публика.