Рекламен авион се урна во морето кај Копакабана, загина пилотот
Пилот на ултралесен авион кој влечел рекламен банер загина откако леталото со кое управувал се урна во морето во близина на плажата Копакабана, во Рио де Жанеиро, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 12:30 часот по локално време, а телото на пилотот е пренесено во Институтот за судска медицина, каде што ќе биде извршена официјална

