Додека се уште гори кај Стенковец, избија уште два нови пожари во Ѓорче Петров и Кондово
Тешка ноќ е пред скопските пожарникари, бидејќи додека се уште го гаснат пожарот во близина на Стенковец, избија уште два пожари. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, од пред малку активни се уште два пожари на отворено и тоа на територијата на Кондово и на Ѓорче Петров. Навечер гаснењето е возможно









