Без вода денес дел од една скопска општина
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин на водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на општина Бутел. Од таму посочуваат дека поради дефект во шахта Ф 1“ на улицата Хо Ши Мин, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:40 часот до санирање на дефектот.







