Déjà vu: кога мозокот препознава грешка во сеќавањето
Терминот déjà vu го вовел францускиот филозоф и парапсихолог Емил Боарак во 1876 година и во буквален превод значи „веќе видено“. Тоа е оној чуден, понекогаш вознемирувачки момент кога имате чувство дека ситуацијата што ја доживувате, иако треба да биде нова, веќе сте ја искусиле. Може да се најдете на некое место, на пример на кафе или на улица, и

