Пациентите нема да шетаат по шалтери, сите снимки, прегледи и терапии на увид кај лекарот – промовирана Стратегијата за дигитално здравство
Во организација на Министерството за здравство денес во Владата беше претставена Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030 на лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ експерти. Целта е до 2030 година секој граѓанин да има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар да ја има целосната информација во моментот кога го лекува






