Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот, државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како ‘бесплатно’
По најновите информации објавени за фирмата „Авалон”, можеме да заклучиме дека математиката не му е силна страна на Мицкоски, како што му е силна експертизата за мали хидроцентрали, реагираат од Левица. „Имено, медиумот ПорталИкс објави дека во февруари, Државната лотарија ѝ исплатила 1.850.610 денари на „Стардаст ДООЕЛ“, фирма основана од Миа Милошеска,








