Сопругата ѝ признала на полицијата дека нејзиниот маж со пиштол убил жена и го посочила местото каде била закопана во Гостиварско
Тетовската полиција за кратко време расчисти убиство кое првично беше пријавено како случај на исчезнато лице. Синот на педесет и тригодишна жена од гостиварското село Равен пријавил дека таа се оддалечила од нивниот дом откако влегла во автомобил, по што била недостапна на телефон. Во истрагата полицијата привела едно сомнително лице и извршила претрес










