Дел од „мочуриштето“ под мостот кај Народна банка посипано со чакал
Дел од просторот под мостот „Мајка Тереза“ во близина на зградата на Народна банка, кој прилегаше на вистинско мочуриште каде што има собрано вода прекриена со леплив зелен талог и низ која лебдеа отпадоци, хартија и пластични шишиња, некој го замаскирал со тоа што го покрил со чакал. Но, на дел повторно има отстоена вода, како што беше претходно.