Богатите наоди од македонскиот локалитет Таранеш на изложбата „Атила“ во Будимпешта
Националниот археолошки музеј од Македонија, со богатите наоди од археолошкиот локалитет Таранеш во Дебарско, ќе учествува на големата меѓународна изложба „Атила“, која ќе биде отворена за јавноста на 23 јануари, во Унгарскиот национален музеј во Будимпешта. Публиката ќе има можност да ја види во наредните шест месеци, поточно до 12 јули 2026 година



