Бетика: Маските во Вевчани не се за криење, туку за ослободување, карневалот е најубавата традиција, чистилиште за цела Македонија
Охрид, 11. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Бети Котовчевска од Ресен, по професија нутриционист, а во јавноста е позната и како Бетика-ледената Македонка. Напиша неколку думи за Вевчани и Вевчанци, кои одлично ја отсликуваат енергијата и пораката која се испраќа од ова гордо и пркосно место на Дуњава повеќе од 1.400 години… Ви ги пренесуваме нејзините мисли









