Убиството во Дебреше било поради одмазда-тројца браќа ја изрешетале жртвата со пушка и пиштоли
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. Тројцата браќа од селото Дебреше, на 23 јули, со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец