Агенцијата за разузнавање ѝ одговори на пратеничката Петровска дека немала информации за контакти на политичари или медиуми со сопственикот на српската Алта банка
Агенцијата за разузнавање немала конкретни информации за контакти на лица од Македонија со сопственикот на „Алта банка“ АД Белград, Давор Мацура, па не биле исполнети условите за задолжително известување на државниот врв во врска со банката, рече директорката Габриела Јаковлева на денешната надзорна расправа во Собранието за случајот „Алта банка“ АД










