Ракчиња со салса од авокадо: Брзо летно предјадење готово за помалку од половина час
Ако барате брзо, лесно и освежително предјадење за топлите летни денови, ракчињата со салса од авокадо се одличен избор. Комбинацијата од нежни морски плодови, кремасто авокадо, свеж зеленчук и лимон изгледа ефектно на чинија, а за подготовка не ви треба ниту половина час. Рецептот е едноставен и не бара многу готвење – ракчињата се варат само неколку

