Вадим Холоденко се врати на „Охридско лето“ со пијано-рецитал во „Света Софија“
Украинскиот пијанист Вадим Холоденко, кој важи за еден од технички најнадарените и музички најизразени пијанисти од својата генерација, вчеравечер одржа пијано-рецитал во црквата „Света Софија“, во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Холоденко се врати на фестивалскиот репертоар по осум години, со настап во кој ја потврди репутацијата на изведувач










