Марта Кос пред доаѓањето во Македонија утре: Нема земја кандидат која добила гаранции од ЕУ дека во преговорите нема да се појави друг спор
Нема земја кандидат која добила гаранции од ЕУ дека во преговорите нема да се појави друг спор — тоа е реалноста која мора да се прифати. Ваква порака испрати еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за МИА, на еден ден пред посетата на Скопје. Во пресрет на утрешната тет а тет средба со Мицкоски, Кос денеска порача дека напредокот во преговорите









