Лајовиќ прво загуби, а потоа се самоповреди и заврши во болница
Душан Лајовиќ беше хоспитализиран во Сантијаго откако се здоби со сериозни повреди по завршување на дуелот од Дејвис купот против чилеанскиот тенисер Томас Бариос. Откако го загуби со 2:0 во сетови (7:5 и 7:6), Лајовиќ додека заминуваше кон соблекувалната доживеа нереална несреќа. Србинот удрил во стаклена плоча и претрпел сериозни повреди на главата

