Ретка руда за стратешка употреба: Американци ќе копаат антимон во Македонија
Американски компании ќе започнат експлоатација на антимон во близина на селото Луке во Кривопаланчко, најави премиерот Христијан Мицкоски. Ретката руда ќе се извезува во САД, каде што ќе се преработува во посебна топилница што ќе се гради за оваа намена. „Антимонот е редок минерал со голема примена во енергетиката и електрониката, особено во батерии,










