Акција по осомничени за тешки кривични дела, даночна измама, даночно затајување, перење пари
Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Повеќе информации ќе има во текот на денот, соопшти ОЈО за ГОКК.










