Ферари го претстави својот прв електричен автомобил со неверојатна цена од 600.000 евра – Дали легендарниот бренд повторно ќе го редефинира луксузот и брзината?
Ферари викендов ја шокираше јавноста со претставувањето на својот прв целосно електричен автомобил, означувајќи пресвртна точка во историјата на луксузните спортски автомобили. Додека конкуренцијата како Порше и Ламборгини ги повлекуваат електричните амбиции поради слабата побарувачка, Ферари влегува во нова ера со моделот Luce.



