Сликовницата „Големиот сон“ на Денис Јанкуловски ќе биде промовирана во Кисела Вода
Во сабота, на 30 мај, со почеток во 17 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе се одржи инклузивна промоција на сликовницата „Големиот сон“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко, со илустрации на Алексеј Костовски. На промоцијата како специјални гости ќе настапат Дац и Александар, инспирацијата за главниот лик во сликовницата,









