Маџари без проблеми до победа против Чаир!
Кошаркарите на Маџари вечерва на свој терен во меч од 19.коло во елитната лига на Македонија, успеаја да го победат градскиот ривал Чаир со 105:83. Ова беше нивната десетта победа сезонава а за Чаир беше десетти пораз, сега Маџари по некомплетното коло се наоѓа на четвртата позиција на табелата. Домашните кошаркари во целост го надиграа својот противник

