Тешка ноќ за Роналдо: Пенал во аут, па излезе и со повреда
Кристијано Роналдо имаше вечер за заборав во победата на Ал Наср над Ал Фајха со 3-1, откако на почетокот од натпреварот не реализираше пенал, а подоцна и беше заменет поради повреда. Португалецот во 11. минута шутираше покрај голот од белата точка, а тоа беше еден од клучните моменти во мечот што долго време не се движеше според планот на неговиот



