„Секогаш се трудам да го побијам стереотипот за наставниците по математика и нејзината примена“, вели Анкица Спасова - добитник на наградата „Најдобар учител на регионот“
Анкица Спасова е добитник на наградата „Најдобар учител на регионот“, која ја доделува Асоцијацијата на најдобрите наставници и лидери од регионот. Оваа Асоцијација собира просветни работници, наставници и професори од шест земји од просторот на поранешна СФРЈ со цел преку меѓусебна соработка и поддршка да се подобри образованието во регионот. Здружението