Најстариот фестивал посветен на кинематограферите „Браќа Манаки“ од 19 до 25 септември во Битола; 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, првиот и најстар во светот посветен на креативноста на кинематограферите, најави дека своето 47. издание ќе го одржи од 19 до 25 септември, во Битолa. На 47. ИФФК „Браќа Манаки“ во текот на седум дена, велат оттаму, посетителите ќе можат да очекуваат исклучителен избор на играни, документарни,










