Навивачот на Манчестер Јунајтед година дена не се шишал
Навивачот на трофејниот англиски клуб Френк Илет стана светски познат откако објави дека нема да се шиша се додека неговиот Манчестер Јунајтед не забележи пет победи по ред. Во ситуација кога Јунајтед минуваше низ најмизерната состојба во последните децении и веќе две години е надвор од Лига на шампиони, ова храбро ветување на Илет наиде на потсмев



