Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите конструктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
Министерката Весна Јаневска најави дека сите издржани забелешки кои што ќе бидат дадени на новиот закон за високо образование ќе бидат земени предвид пред тој да биде затворен и пуштен во владина процедура, исто, како што рече, што биле прифатени контруктивните забелешки во изминатиот период. Со него, смета таа ќе се воспостави ред во високото образование










