Во поетската република Струга, маговите на зборот го отворија универзумот
– И годинава сведочиме за едноставноста и скромноста на маговите на зборот, кои рецитираат небаре водат битка на живот и смрт, нè тревожат или галат, отвораат универзуми, нè соочуваат со болните вистини, нè фрлаат или спасуваат од водите на Дрим, небаре јагули желни за Саргасовото Море, нè учат и поттикнуваат на непокор, слобода, пркос, чувствителност










