Корејскиот режисер Парк Чан-вок на чело на жирито за Златна палма на Канскиот фестивал
Јужнокорeјскиот режисер Парк Чан-вок, познат по филмовите „Олдбој“ и „Без избор“, ќе биде претседател на жирито на 79. издание на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 12 до 23 мај. Чан-вок е првиот Кореец што ќе претседава со жирито кое ја доделува престижната Златна палма. Тој е редовен гостин во Кан откако „Олдбој“ освои Гран-при во 2004

