РК Вардар се спрема за роденденска фешта по повод 65 години
Вардарци во четврток против Алкалоид ќе настапат со ретро дресови, специјално дизајнирани за мечот од 6.коло во плејофот кој е закажан за 18 часот. Час и половина претходно ќе има фан зона. За 65-от роденден, клубот најавува и документарец.



