Тренерот кој е хит на Олимписките игри! Французинот работи со 16 лизгачи од 13 земји и е постојано во нов тим
На Зимските олимписки игри сме виделе солзи, сензации, драматични падови и историски медали. Но, ваква сцена – речиси театарска – досега немало. Името што треба да го запомните е Беноа Ришо. Францускиот тренер работи со дури 16 лизгачи од 13 различни земји и стана вистинска интернет-сензација откако камерите го фатија како буквално трча од еден натпреварувач



