По трагедијата со Танкица од Кочани, Росица од Велес стана нова жртва на фемицид – институциите игнорирале пет пријави за закани и насилство
Росица од Велес, 31-годишна жена, беше свирепо избодена во семејната куќа заедно со нејзиниот татко од поранешниот партнер Илија Стефановски (37) од Скопје, кој потоа изврши самоубиство. Пред трагедијата, Росица петпати пријавувала насилникот во полиција и Обвинителство за физичко насилство, закани, вознемирување, запалување на возило и навредливи