„Ние не сме полнети пиперки“ – бура реакции по навредливата изјава на Марта Кос
Изјавата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, дадена во Скопје, каде што го спореди македонскиот идентитет со традиционални јадења како „тавче-гравче“, „погача“, „пинџур“ и „полнети пиперки“, предизвика остри реакции во македонската јавност. Наместо топла порака за културна припадност, нејзините зборови беа протолкувани како површно и навредливо