Нант се снајде во пеколната атмосфера и го совлада Вардар
Ракометарите на Вардар во драматична завршница го запишаа и вториот пораз сезонава во Лига на шампиони, откако вечерва подобар од нив беше француски Нант со 32-33. Двете екипи одиграа неверојатен натпревар за паметење, а драмата кулминираше во самиот финиш. Прво Леополд искористи седмерец за 32-33, а во последните секунди Јака Малус сам се избори за










