ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА Пуштени се од болницата „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив
Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА. „Пациентите, тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години, беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна