Gol.mk на ЕП: Остана само една дилема, сè уште ќе има полемики за играта со рака
Уште пред почетокот на Европското првенство, првиот човек на судиската организација на УЕФА, Роберто Росети, објасни дека ова првенство ќе мине без судиски грешки. Ги обелодени и новините, помошта за судиите и силно застана зад својот избор. На една недела до крајот на првенството скоро и да не се зборува за судењето, што е добар сигнал. Исклучок е