Ректорот на Универзитетот во Белград е подготвен да влезе во политиката: Дали Вучиќ добива нов ривал?
screenshot N1 Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, синоќа изјави дека доколку граѓаните и студентите од него побараат политички ангажман на евентуални избори, тој би бил подготвен да го прифати тој ангажман. „Не аплицирав, ниту пак водев кампања како некој со политичка амбиција да бидам политички лидер, јас сум професор и ректор на универзитетот,









