Физички инцидент во основно училиште во Тетово, полицијата работи на случајот
На 17.04.2026 година во 14:55 часот во СВР Тетово, 44-годишниот Л.И. од Тетово пријавил дека околу 12:00 часот во основно училиште во градот, неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик. Според пријавата, инцидентот се случил за време на училишните активности, а засега не се соопштуваат дополнителни детали за причините.










