Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот
Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во Струмица, лидерот во Супер лигата го победи Алкалоид со 33:28 (18:16). Противник на црвено-црните, в недела, ќе биде дебитантот во финалните натпревари ГРК Охрид. Охриѓани, во првото полуфинале, чесно го победија Еурофар Пелистер со 26:19









