ФК Работнички се огласи: Немаме никаква поврзаност со инсинуациите околу пријателскиот меч со Охрид Лихнидос
Фудбалскиот клуб Работнички преку официјално соопштение реагираше на, како што наведуваат, инсинуациите и можните обиди за задкулисни игри поврзани со резултатот од пријателскиот натпревар против Охрид Лихнидос. Од таборот на „романтичарите“ потенцираат дека клубот, кој има долга традиција и спортски интегритет, секогаш е посветен на фер-плејот, витешката





