Борац со двајца играчи помалку од 2:0 до 2:3 против Аталанта
Фудбалерите на Борац од Бања Лука, беа на прагот на едно од најголемите изненадувања не само во ова коло, туку и во досегашниот дел од сезоната во Конференциската лига. До 86-та минута водеа во Бања Лука со 2:0 против членот на Серија А, Аталанта од Бергамо, но гостите од Италија искористија предност од двајца играчи повеќе на крајот од натпреварот







