Левица: Мицкоски ја направи Македонија зависна од брзи кредити – задолжени 333 милиони евра за 71 ден, повеќе од 3 милијарди за две години
„За само 71 ден, ДПМНЕ отвори четири нови должнички фронтови во вкупна вредност од 333 милиони евра. На 26 мај, парламентарното мнозинство изгласа задолжување од 260 милиони евра кај странски банки; во јули Владата извлече седум милиони евра од М-НАВ за да ја крпи ликвидноста на ЈП за државни патишта; на 29 јули се одлучи на заем од 25 милиони евра







