Близу два милиони загинати, ранети и исчезнати руски и украински војници за 12 проценти освоена територија – Бројки што кажуваат колку е бесмислена војната што се води 4 години
Вкупниот број загинати, ранети и исчезнати руски и украински војници во војната што трае речиси четири години би можел да достигне дури два милиони до оваа пролет. Ова го покажуваат новите анализи, кои укажуваат на исклучително високата човечка цена на руската агресија врз Украина, пишува „Њујорк тајмс“. Според Центарот за стратешки и меѓународни студии









