Судијата Ѓоко Ристов со соѕиданите непоткрепени 350 илјади евра во куќата на родителите е тука, се бара куќен притвор
Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому обвинителка од ОЈО за организиран криминал во семејната куќа на неговите родители во Неготино, во ѕид му најде соѕидани 350.000 евра, непоткрепени, денеска е сослушан од неа. Таа му ги предочила прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар.









